Правна напомена

Центар за странски јазици - Скопје ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својата интернет страница само за информативни цели.

Во оваа прилика, Центар за странски јазици - Скопје ве информира дека пребарувањето на интернет страниците на Центар за странски јазици - Скопје истовремено значи и прифаќање на следните услови:

Интернет страниците на Центар за странски јазици - Скопје, содржината или било кој дел од истите се заштитени со авторски права. Само Центар за странски јазици - Скопје има право да ги остваруваат правата кои произлегуваат од истите.

Содржината на интернет страниците на Центар за странски јазици - Скопје треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи овие страници да се променат независно од волјата или надвор од контрола на Центар за странски јазици - Скопје. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, Центар за странски јазици - Скопје не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на интернет страниците.

Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на интернет страниците во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Центар за странски јазици - Скопје. Сепак, како начин на слободно користење, Центар за странски јазици - Скопје ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие страници или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба.

Центар за странски јазици - Скопје го задржува правото да ги менува или трансформира своите интернет страници во било кое време. Исто така, Центар за странски јазици - Скопје може да го ограничи или да го прекине пристапот до нив. Центар за странски јазици - Скопје не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страниците. Центар за странски јазици - Скопје категорично отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.

Забрането е да се постави било каков линк со интернет страницата без претходно писмено одобрение од Центар за странски јазици - Скопје. Дури и да се добие такво одобрение за поставување на линк, забрането е вградување на било какви елементи од содржината на страницата во друга интернет страница (во форма на рамка или вграден линк). Исто така, со горенаведеното одобрение може да се воспостави линк само со почетната страница на moj.csj.edu.mk, csj.edu.mk, csj.com.mk и csj-skopje.com.

Центар за странски јазици - Скопје не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на страниците на Центар за странски јазици - Скопје.

Доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку нашите интернет страници) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека Центар за странски јазици - Скопје може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против Центар за странски јазици - Скопје во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против Центар за странски јазици - Скопје, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на Центар за странски јазици - Скопје.

Некои страници на Центар за странски јазици - Скопје можат да содржат и други одредби, во согласност со правилата на важечкиот закон и заради тоа, познавањето и прифаќањето на тековните правила и применувањето на условите е предуслов за употреба и користење на индивидуалните услуги.

Промени во правната напомена

Центар за странски јазици - Скопје има право да ја ажурира оваа правна напомена во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува оваа Правна напомена и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на веб страницата moj.csj.edu.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Правна напомена. Доколку не се согласувате со оваа Правна напомена, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страницата.

Центар за странски јазици - Скопје

Датум на ажурирање: Јануари 2022

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Со кликање на копчето "Ги прифаќам сите колачиња" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме сите колачиња („cookies“) за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за колачиња.