Добредојдовте на страницата на Центарот за странски јазици - Скопје (во понатамошниот текст – ЦСЈ Скопје). Како посетител и корисник, Ве известуваме дека употребата на содржините на страницата, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страницата https://moj.csj.edu.mk/внимателно да ги прочитате. ЦСЈ Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи одредби

Со посетата или уплатата преку нашата интернет страница, потребно е да се согласите со условите наведени подолу. ЦСЈ Скопје го задржува правото на промена во зависност од условите и потребите без претходно известување на корисниците на сајтот. ЦСЈ Скопје не презема одговорност доколку корисникот на страницата не ги прочитал јавно достапните информации и услови.

Доколку не се согласувате со овие Општи одредби, ве молиме да не ја користите страницата и да не продолжувате кон плаќање за услугите.

Услови за користење на услугите на ЦСЈ Скопје

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите кои важат при упис на курсевите:

  • Плаќањето на целата сума се врши при упис. Со извршена уплата се гарантира местото во групата.
  • ЦСЈ го задржува правото да не ги прима на настава оние кои не извршиле уплата во предвидениот рок.
  • Во цената на курсевите не се вклучени учебникот и работната тетратка.

Сите информации во врска со уплатата за полагање меѓународни испити се објавени на линковите подолу и се во согласност со политиките на Британскиот совет.

ЦСЈ Скопје го задржува правото да ја промени содржината на услугата (времетраењето, датумот на одржување и сл.) доколку одредена одбрана услуга не е ја нуди повеќе, или пак за остварување на истата не се исполнети минималните услови, и за промената да го извести корисникот по телефон или по е-пошта. Ова се однесува на јазичните курсеви. Во случај на промени на условите за полагање меѓународни испити, информациите ќе бидат јавно објавени на оваа страница и ЦСЈ Скопје не презема обврска директно да ги извести корисниците. Корисникот е должен повремено да се информира со посета на https://moj.csj.edu.mk/. Доколку не се се согласувате со горенаведното ве молиме не продолжувајте кон плаќање.

Наша најголема грижа е да имаме задоволни корисници, но со оглед на тоа што некои услуги зависат од бројот на пријавени слушатели, истите можат да претрпат одредени измени во содржината на услугата или достапноста. Од особена важност ни е корисниците да бидат запознаени со условите и да бидат свесни за можната промена.

Електронска комуникација

Со Вашата посета на moj.csj.edu.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна ќе добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата.

Вашето корисничко име и лозинка

Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во Вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име или лозинка.
Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на ЦСЈ Скопје со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата кредитна картичка.

Заштита на личните податоци

За кои цели ги употребуваме вашите лични податоци и зошто?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите услуги. Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност. Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични а се складирани на нашата страна.

Податоците ги прибираме за:

  • Да ви ги овозможиме услугите кои ќе побарате од нас
  • Решавање на спорови или решавање на проблеми
  • Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности
  • Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата
  • Споредување на точноста на дадените информации со трети страни

Плакањето на производите и услугите во нашата ONLINE продавница е овозможено преку CASYS INTERNACIONAL ВО СОРАБОТКА СО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, КОИ КАКО ИНСТИТУЦИИ НУДАТ ВРВНА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ONLINE ПЛAKAЊАТА.

Опис на производот / услугата

ЦСЈ Скопје го задржува правото во сите услуги делумно да ја менува содржината во зависност од нивната достапност во текот на годината. Не секоја услуга е достапна во секој период од годината. Сите информации во врска со услугите се опишани најпрецизно што може. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето. За дополнителни информации обратете се директно до ЦСЈ Скопје, по телефон, преку е-пошта или лично во просториите на нашето училиште.

Цени

Сите цени се изразени во македонски денари. Порај цената во денари на англиската верзија од страницата цената е изразена во денари и до неа во загради е изразена во евра. Конвертирањето е приближно и не е точно. Ова првенствено служи како појаснување за клиентите кои доаѓаат надовор од Македонија. НАПЛАТАТА НА УСЛУГИТЕ СЕ ВРШИ САМО ВО МАКЕДОНСКИ ДЕНАРИ. ЦСЈ Скопје го задржува правото да ги менува цените на услугите и на својата онлине продавница.

Авторски права

Содржините на веб страницата moj.cej.edu.mk се заштитени вклучително текстови, слики, логоа, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на ЦСЈ Скопје и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

Ограничена одговорност на ЦСЈ Скопје

ЦСЈ Скопје ќе обезбеди највисока сигурност на нашата онлајн продавница, но секогаш постои можност од хакерски и компјутерски напади од кои вие можете да бидете засегнати. При користење на нашата онлајн продавница бидете свесни за можните надворешни ризици.

Политика за повраток на средства

ЦСЈ Скопје не обезбедува гаранција или враќање на парични средства за Tестирање за утврдување јазично ниво.

ЦСЈ Скопје не обезбедува гаранција или враќање на парични средства за меѓународни испити APTIS и IELTS. Условите за полагање меѓународни испити детално се опишани на страниците за регистрација за APTIS и IELTS.

ЦСЈ Скопје не обезбедува гаранција или враќање на парични средства за услуги кои се купени кај нас и кои се однесуваат на тестирање за утврдување јазично ниво и меѓународни испити APTIS и IELTS, освен за следење на јазичните курсеви во следниве случаи:

  • За откажување на следење јазичен курс со писмено барање доставено во архивата на ЦСЈ Скопје до две недели пред почетокот на курсот, ЦСЈ Скопје ги враќа средствата со задршка од 2.000,00 денари за административни трошоци.
  • Доколку слушателот не е во состојба да ја следи јазичен курс во подолг период, повеќе од 4 недели во континуитет, исклучиво заради здравствени причини со приложување на соодветен доказ, ЦСЈ Скопје ги враќа парите за непосетуваните часови со задршка од 1.000,00 денари за административни трошоци.
  • Доколку причината за непосетувањето на наставата не е оправдана и не е договорена однапред и доставена во форма на писмено барање доставено во архивата на ЦСЈ Скопје од страна на кандидатот до две недели пред почетокот на курсот, уплатените средства не се враќаат

Законски одредби

Со посетата на moj.cej.edu.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Македонија.

Промени во општите услови и политиките за онлајн продажба

ЦСЈ Скопје има право да ги ажурира општите услови и политиките за онлајн продажба во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ги проверува Општите услови и политиките за онлајн продажба и дека е свесен за промените.

Даночен број: MK4030974113920 Центар за странски јазици - Скопје
Контакт и адреса: ул. Орце Николов 155A, Скопје - Карпош
Телефони за поддршка: Јазични курсеви: +389 (0)2 306 77 83, Испити по англиски јазик: +389 (0)75 282 604
Е-пошта: info @ csj .edu .mk

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на веб страницата moj.csj.edu.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од Општите услови и политиките за онлајн продажба. Доколку не се согласувате со одредбите од Општите услови и политиките за онлајн продажба, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страницата.

Центар за странски јазици - Скопје

Датум на ажурирање: Април 2023

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Со кликање на копчето "Ги прифаќам сите колачиња" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме сите колачиња („cookies“) за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за колачиња.