Што е ИЕЛТС?

ИЕЛТС (International English Language Testing System) е најпопуларниот тест за англиски јазик во светот, кој е прифатен во повеќе од 140 земји и над 11000 организации. Овие организации вклучуваат влади, академски институции и работодавци, од кои 3000 се во САД.

Скалата за оценување е лесна за употреба која јасно го идентификува нивото на познавање на јазикот со 9 нивоа, од непознавач на јазикот (оценка 1) до експерт (оценка 9).


*Пред да се пријавите за тестирање проверете, во организацијата каде што се пријавувате, кој тест ви е потребен.

Подготовка

Кога ќе се пријавите за тестот ИЕЛТС кај нас, добивате и ексклузивен и бесплатен пристап до онлајн курс за подготовка:

- IELTS Ready: Premium (https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/ielts-ready-premium) со кој имате пристап до 40 тестови и подготовка за сите вештини, од денот на уплата до денот на испитот.

- Road to IELTS Last Minute (https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/courses/road-ielts) од Британскиот совет, кој вклучува 100 интерактивни активности, 9 видео упатства и два Академски практични тестови за ИЕЛТС за секоја од четирите вештини.

Имаме и други ресурси на располагање од Британскиот совет:

Регистрирајте се овде (https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/free-webinars) за да добиете пристап до пакет за подготовка за ИЕЛТС! Ова вклучува серија снимки на вебинари кои ќе ве водат низ секоја фаза од подготовката за тестот, детални планови за подготовка за пишување, зборување, читање и слушање и вежбање со тестови за да ја проверите вашата подготвеност за тестирање.

Проверка на вашиот напредок со ИЕЛТС - официјален тест со извештај за повратни информации: https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/progress-check

Бесплатни мобилни апликации за ИЕЛТС (https://takeielts.britishcouncil.org/take- ielts/prepare/free-apps)

Други подготвителни курсеви (https://takeielts.britishcouncil.org/take-ielts/prepare/courses)

Политика за откажување и повраток на уплатени средства за ИЕЛТС

Откажување на вашиот ИЕЛТС тест

Ако го откажете вашиот ИЕЛТС тест до пет недели пред (ИЕЛТС на хартија) и до 2 недели пред (ИЕЛТС на компјутер) датумот на тестот, ќе добиете повраток на уплатените средства намалени за административна такса од 25% од надоместокот за тестот.

Центарот за странски јазици не може да плаќа во странски банки. Ако побарате враќање на средствата да се испрати на странска сметка, ќе биде побарано од вас да дадете локална сметка. Доколку не успеете да обезбедите алтернативен начин на плаќање, нема да бидеме во можност да ви ги вратиме соодветните средства.

Ве молиме имајте предвид дека рефундирањето може да потрае две до четири недели.

Нема да се дозволи повраток на средства за ИЕЛТС ако има помалку време од наведеното погоре. Исклучок од оваа политика се:

  • сериозна болест или медицински состојба (како што е прием во болница или голема повреда)
  • загуба на близок член во семејството
  • состојби како што е жртва на насилство или учество во сообраќајна несреќа
  • воена служба.

За да го откажете вашиот тест за ИЕЛТС (академска или општа верзија), ве молиме најавете се на порталот за пријавување и поднесете барање за откажување, заедно со прикачување на придружна документација/доказ.

Доколку во рок од пет работни дена од датумот на тестот се достави лекарско уверение со кое се потврдува болест на датумот на тестот, заедно со поднесеното барање за откажување на порталот за пријавување, сумата се враќа, минус административна такса од 25% од уплатените средства. Се прифаќаат само лекарски уверенија на македонски или англиски јазик.

Доколку не го добиеме вашето поднесено барање за откажување заедно со придружната документација/доказ на порталот за пријавување до петтиот работен ден по тестот, ќе бидете евидентирани како отсутни и ќе го изгубите правото на повраток на уплатените средства.

Барање за промена на датум на тестирање

Ако треба да го смените датумот на вашиот тест, можете да побарате префрлување во друга сесија до пет недели пред датумот на тестот ИЕЛТС на хартија или до 2 недели пред датумот на тестот ИЕЛТС на компјутер, бесплатно.

Ве молиме имајте предвид дека новиот датум за тестирање мора да биде во рок од три месеци од оригиналниот датум. Во случај на болест, трансферот е возможен доколку се достави оригинално лекарско уверение во рок од пет работни дена од датумот на тестот, заедно со формуларот за промена на датумот на тестот. Ќе треба да побарате промена на датумот на тестот од вашиот официјален тест центар.

Ако добиете дозвола за префрлување и повторно не сте во можност да присуствувате на вториот датум за тестирање, тогаш немате право на рефундирање на таксата за тестирање ниту на понатамошен трансфер на нов датум за тестирање.

За промена на датумот за тестирање треба да се изврши уплата од 2000 денари.

Кој ИЕЛТС тест да го полагате?

ИЕЛТС може да ви помогне да ги докажете вашите јазични вештини при пријавување за работни места, студирање како и емиграција.
За додипломски и постдипломски студии или работа во странство полагајте ја академската верзија на ИЕЛТС (IELTS Academic).
За работа во вашата земја или странство како и за пониско ниво на студии полагајте ја општата верзија на ИЕЛТС (IELTS General).
*Пред да се пријавите за тестирање проверете, во организацијата каде што се пријавувате, кој тест ви е потребен.

ИЕЛТС на компјутер

Во моментов, ИЕЛТС може да се полага на компјутер при што одговорите на деловите слушање, читање и пишување ги внесувате преку компјутер.
Делот за зборување се полага во живо преку видео врска со обучен испитувач и се изведува на истиот ден со останатите делови од испитот.
ИЕЛТС на компјутер овозможува голем избор на датуми за тестирање како и пократок рок за достапност на резултатите, од 3 до 5 дена.
IELTS One Skill Retake е нова функција која може да Ви помогне да ја добиете саканата оценка на испитот без повторно полагање на целиот испит. Ако сакате да го подобрите резултатот на една вештина, можете повторно да полагате една од четирите IELTS вештини – слушање, читање, пишување или зборување.
*Доколку сакате да извршите онлајн плаќање, потребно е предходно да резервирате термин за полагање (со кликнување на копчето погоре - „Пријавете се за тестирање“). Со пријавувањето ќе добиете референтен број кој ви е потребен за да извршите онлајн плаќање. Доколку веќе сте регистрирани за полагање и поседувате референтен број кликнете на копчето подолу. Online плаќање