Пријава за тестирање

Пополнете ја пријавата и уплатете ја сумата за тестот според дадените примероци подолу. Цената и датумот за тестирање се наведени во формуларот за пријава за тестирање кој се наоѓа подолу. Штом ја утврдиме уплатата ќе Ви испратиме потврда на Вашата е-пошта која сте ја навеле во пријавата.

Тестирањето ќе се изведува со присуство во просториите на Центарот за странски јазици. Податоците од тестирањето ќе се чуваат 3 години.

Уплатата треба да се изврши во рок од два дена по регистрацијата. Отсега можете да плаќате онлајн со картичка.

Изберете го името на тестот за да ви бидат прикажани термините за избраниот тест, или само изберете датум од формуларот подолу

Потврдувам дека ги прочитав и ги прифаќам условите за користење, политиките за приватност и политиките за заштита на личните податоци на веб страницата на Центар за странски јазици - Скопје (ЦСЈ)!
Изјавувам дека се согласувам моите лични податоци да бидат употребени за целите на полагање на испитот Аптис кои ќе се чуваат од страна на Британски совет според правилата за заштита на личните податоци (www.britishcouncil.org/privacy-cookies/data-protection).
Изјавувам дека се согласувам со условите, дека во случај на незаконска постапка како препишување или претставување како друго лице, како и било која друга активност со која се загрозува интегритетот и безбедноста на Аптис, може да не ми се издаде резултат, да не ми се одобри повраток на средства и да не ми се дозволи повторно полагање на тестот во иднина.

Се согласувам со следните забрани:
  • разговарање со другите кандидати или вознемирување/пречење на истите откако започнал тестот
  • напуштање на местото на тестирање без дозвола на одговорното лице
  • било каква форма на злоупотреба при што може да се загрози интегритетот или безбедноста на тестот Аптис.
Под незаконски посташки спаѓаат и:
  • Обид за препишување на било каков начин, вклучувајќи препишување од ливчиња
  • Помагање на другите кандидати
  • Претставување како друго лице
  • Попречување на тестот
Идентификација:
Разбирам дека прифатени документи за идентификација се само лична карта или пасош. ЦСЈ има моја дозвола да направи копија од личната карта која ќе ја приложам на денот на полагање, и истата да ја чува за административни цели.

Промена на датумот на полагање и повраток на средства:
Откажување на полагање не е возможно. Можете само да побарате промена надатумот на полагање, најмалку 3 (три) дена пред тестот, со поднесување на барање и уплата од 700 денари. Доколку не присуствувате на тест ипритоа не приложите некаков доказ за вашето отсуство во рок од 5 дена, немате право да барате презакажување на полагањето. Не постои можност за повторнапроверка на тестот Аптис.

ЦСЈ ќе ги искористи вашите лични податоци за администрација на вашата пријава за тестот Аптис. Правната основа за процесирање на вашите податоци е во согласност со нашите правила и услови за пријавување. ЦСЈ работи во согласност со законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Имате право да побарате копија од информациите кои ги чуваме за вас, и да побарате корекција на истите доколку е потребно. Доколку сметате дека вашите информации се несоодветно искористени, имате право на жалба кај соодветно регулативно тело.

Уплатата треба да се изврши во рок од два дена по регистрацијата.
Доколку извршите уплата подоцна потребно е да приложите уплатница како доказ за вашата уплата.
За повеќе технички информации ве молиме кликнете овде (PDF)
ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Со кликање на копчето "Ги прифаќам сите колачиња" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме сите колачиња („cookies“) за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. За повеќе информации проверете на Политика за колачиња.