IELTS Tips & Hints работилница
Отсега ќе можете да постигнете подобри резултати на испитот IELTS преку работилницата IELTS Tips & Hints која ја организира Центарот за странски јазици - Скопје. На оваа работилница ќе се запознаете со структурата и содржината на испитот, како за општата така и за академската верзија од тестот фокусирајќи се на техниките на полагање на испитот за сите четири дела. Работилницата се одржува онлајн, еднаш месечно, во сабота од 10:00 до 14:00 часот.
Краток опис на работилницата IELTS Tips & Hints
- Информации за форматот на тестот и видот на прашања
- Подготвителни материјали од Британскиот совет
- Совети за подготовка на испитот
- Совети за постигнување на подобри резултати на испитот
- Идентификација на типични и чести грешки
- Траење: 4 часа