Тестирањето е наменето за нови слушатели со цел утврдување ниво на јазично предзнаење кое ќе Ви помогне да се запишете на соодветниот курс. Постојат два вида на тестирање, за деца и тинејџери и тестирање за возрасни. Пријавувањето и тестирањето се изведуваат онлајн преку нашата платформа.
Дознајте повеќе Пријавете се за тестирањеКурсевите за возрасни кои ги нуди Центарот за странски јазици-Скопје се едносеместрални и ги опфаќаат сите нивоа (А1 – Ц2). Наставата за секој степен трае вкупно 16 недели во семестар, односно 32 часа. Наставата се одржува два пати неделно (понеделник и среда, или вторник и четврток) во попладневните и вечерните часови. Секој час е со времетраење од 105 минути. Некои курсеви имаат различно времетраење и должина на часовите (TOEFL, IELTS и одредени јазици).
Курсевите за деца и тинејџери што ги нуди Центарот за странски јазици-Скопје се наменети за слушатели на возраст од 6 до 18 години. Степените се поделени на три подготвителни, осум редовни и два на високо ниво. Курсот за секој степен опфаќа две полугодија, а секое полугодие се состои од 32 часа. Наставата се одржува два пати неделно (понеделник и среда, или вторник и четврток) во попладневните и вечерните часови. Секој час е со времетраење од 70 минути.
Англиски јазик Германски јазик Француски јазик Италијански јазик Словенечки јазик Албански јазик Шпански јазик Руски јазик Турски јазик Грчки јазик Македонски јазик за странци
Доколку ви е потребна веродостојна проценка на вештините по англиски јазик на вашите вработени, „Аптис“ е вистинскиот тест за вас.
„Аптис“ е направен од релевантни експерти од Британски совет, а го користат владините институции и организации на преку 85 држави за утврдување и унапредување на стандардите за англискиот јазик.
Доколку ви е потребна веродостојна проценка на вештините по англиски јазик на вашите вработени, „Аптис“ е вистинскиот тест за вас.
Дознајте повеќеПријавете се за полагањеИЕЛТС е најпопуларниот тест за англиски јазик во светот. Ако сакате да работите, студирате или да живеете во странство тогаш полагањето на тестот ИЕЛТС може да ви помогне да го остварите тој сон.
Дознајте повеќеПријавете се за полагањеСите потребни информации за меѓународните испити можете да ги добиете на
телефонскиот број +389 (0)75 282 604 или на нашата е-пошта info@csj.edu.mk.